Изминатава недела се одржа светски куп во Милано, Италија, за сите стрелачки дисциплини. Беа постигнати високи резултати, па да видиме кои ќе бидат фаворитите за престојната Олимпијада. Еве ги резултатите овде

Olympic
На 100 дена од почетокот на најголемата спортска манифестација за лицата со инвалидност во 2012 година, Параолимписките игри во Лондон, организаторот објави дека ова ќе бидат најмасовните игри до сега со учество на спортисти од 165 држави. Ова значи дека ќе учествуваат спортисти од дури 19 држави повеќе отколку во Пекинг 2008 година и тоа: Антигва и Барбуда, Брунеи, Камерун, Коморос, Џибути, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја-Бисао, Либерија, Малави, Мозамбик, Северна Кореја, Сан Марино, Соломонски Острови, Тринидад и Тобаго и Американските Девствени Острови.
Сер Филип Крејвен, IPC претседател, рече: “Тоа се фантастични вести да се одбележат 100 дена и да се објави дека Параолимписките игри во Лондон ќе бидат најголеми досега и дека ќе продолжат да растат во големина со секое свое следно издание. Ова вест е исклучително важна за Велика Британија која е духовното родно место на движењето на Параолимпизмот и во моментов ја има можноста да биде домаќин на најголемите досега Параолимписките игри.
“Тешко е да се верува дека натпреварот кој се одржа само пред 64 години во болницата во Stoke Mandeville со 16 повредени воени ветерани и кој беше предвесник за одржување на Параолимписките игри, денес ќе обедини 4.200 елитни спортисти со инвалидност ќе се натпреваруваат во Лондон.” Игрите не само што ќе бидат најголеми досега во однос на спортисти и земји учеснички, јас исто така верувам дека нивото на атлетските перформанси ќе достигне нови нивоа и игрите во Лондон би можеле да бидат првите распродадени игри во историјата во однос на гледачите. Неодамнешните Параолимписки тест настани ни го даваат сиот вкус на она што можеме да го очекуваме подоцна ова лето, и возбудата ќе продолжи да расте од сега и посебно од 29 август на астрономски нивоа.” рече Сер Филип Крејвен, IPC претседател.
Семето за Параолимписките игри е посеано во Велика Британија во 1948 година кога во Stoke Mandeville се одржа натпревар на 16 повредени воени ветерани со повреди на ‘рбетот во стреличарство.
Дванаесет години подоцна, во 1960 година 400 спортисти од 23 земји се собраа во Рим, Италија на првите Параолимписки игри во кои беа вклучени осум спортови.
Од 1960 година Игрите се одржуваат на секои четири години и не само што се зголемуваше бројка на учесници, се зголемуваше и нивото на атлетските перформанси. Од Сеул 1988 година се случи Параолимписките игри да се одржуваат во истиот град и истите места како и Олимписките игри, тренд кој ќе продолжи барем до 2020 година.
Пред четири години Пекинг ги организира најдобрите Параолимписките игри до сега и неверојатни 279 светски рекорди беа срушени, пред кумулативна ТВ публика од 3,8 милијарди гледачи на игрите од целиот свет.
На 100 дена до почетокот на Параолимписките игри за оваа година, Лондон е на пат да го сруши рекордот. Поред рекорден број на спортисти и земји учеснички, повеќе од еден милион билети се продадени започнувајќи од септември минатата година. Билетите се отворија за општа продажба денес, понеделник 21-ти мај.
Се проценува дека игрите ќе ги следи кумулирана публика од околу 4 милијарди луѓе во периодот помеѓу 29 Август и 9 септември.
Република Македонија ќе учествува на игрите со 2 претставника во стрелаштво. Имињата на учесниците ќе се објават до 06.08.2012 година.
Бранимир Јовановски
Претседател на Македонскиот параолимписки комитет
10 Мај, церемонијата на палење на Олимпискиот оган може да ја следите овде

Македонската спортска стрелачка федерација уште еднаш повикува на спогодба со општинскиот стрелачки сојуз- Охрид. Имено, сметката на федерацијата е блокирана во последниве три месеци, по барање на стрелачкиот сојуз од охрид, поради неплатен долг од 1999 година. Охриѓани тешко се согласуваат на спогодба за исплата на овој долг, со оглед дека федерацијата нема средства истиот да го исплати одеднаш. Секако во оваа ситуација најмногу губат спортистите, ги сностат сите последици, а потоа за слабите резултати се обвинуваат други луѓе кои немаат допирни точки со резултатите на спортисите од одредени клубови.
Федерацијата не е во можност да го одржи ниту државното првенство (закажано за 10 јуни), ниту пак било каков друг натпревар или настап на меѓународен натпревар. Од друга страна со блокирана сметка секако не е во можност да плати ниту денар за да го покрие долгот. Тогаш во што е поентата? На кого му оди во прилог статус-кво ситуација?
И покрај тоа, федерацијата сепак успеа да изнајде ресурси кои ќе се вложат во кондиционите тренинзи кои веќе започнаа.
Федерацијата ги објави деталите за ова барање на својот сајт www.mssf.org.mk или директен линк http://mssf.org.mk/images/stories/dokumenti/mssf-ossohrid%20spogodba%20100.pdf
Изминативе неколку дена се одржа светски куп за лица со посебни пореби во Анталија, Турција. Резултатите може да ги видите овде
Македонската селекција не настапи на овој натпревар, но ќе настапи на купот во Бад Орб, Германија, кој ќе се отвори на 21 мај 2012.
Во пресрет на Олимписките игри, неодамна заврши светскиот куп во Лондон за сите стрелачки дисциплини. Еве како изгледа финале на ваков голем натпревар.
На овој линк може да видите повеќе видеа http://www.youtube.com/user/issfchannel#g/u

Во изминатиов период селекторот Крстески одржа неколку контролни натпревари на кои беа повикани стрелците кои се дел од репрезентацијата на Македонија, со цел да се увиди моменталната форма и кондиција. Куповите се одложени поради несогласување кои ги поттикнуваат неколку клубови. Секако секој се држи за својот конец, а спортот ни оди надолу. Тоа е нашата елита на спортски ентузијасти….
Резултатите од контролните натпревари може да ги видите овде
Се враќаме назад со блогот, таму каде што застанавме…
Во пресрет на летните Олимписки игри во Лондон, се повеќе се пишува на оваа тема во дневните весници. Приказната е како тоа ракометарите не се квалификувале за ЛОИ и покрај толку подготовки, кошаркарите дали ќе се пласираат… Јас искрено се надевам дека ќе успеат, тоа ќе биде голем плус за Македонија и одлчно е што државата вложува. Но, јас колку што се сеќавам, во екипата која патува на ЛОИ секогаш имало претставник од стрелаштво, заедно со барачите, пливачите, атлетирачите итн. Сведоци сме дека резултатите се на подпросечно ниво, а се случуа и наште спортисти да ги завземат и последните места на ранг листите. Е тоа е македонска работа, која не постои никаде во светот. Се вложува пари и напор да се стигне до Олипијада и што после…толку?! Никој не се грижи за она што веќе го имаме како готов производ во дадени спортови, каде фали малце да се стигне многу далеку.
Добро е да се вложува за да се стигне до посакуваните квалификации, но зошто оние кои се веќе квалификувани да паднат во вода? Никогаш до сега немало организирани, интензивни подготовки на стрелецот кој треба да настапува на ЛОИ, како што тоа се прави во другите земји, со месеци се тренира по одредена програма, исхрана, како и психофизчка подготовка. Е, не… нема пари, за стрелаштво нема пари, но затоа за сите останати спортови кои се атрактивни, има да се вложи за на крај да не се стигне до Олимпијада. А по завршување на игрите сите плукаат дека нашите спортисти се за никаде, секогаш се последни, не ги бива и слчно. Но и во мизерни услови и со слаби тренинзи, секогаш има неколку стрелци кои имаат норма од светско или европско првенство, што навистина е за поздрав. Додека во горенаведеите спортови, каде спортистите се професионалци и тоа е нивна главна преокпација од која живеат, сепак не успеваат да се квалификуваат. Ситуацијата би била поинаква кога стреците би биле стрелци, би земале месечна плата и не би имало потреба да се занимаваат со нешто друго за да преживает. Е таква е ситуацијата во Србија, која има многу врвни стрелци и важи за голем фаворит во овие спортови. Но Македонија не сака да се прочуе со стрелаштво, туку сака со кошарка, ракомет и ФУДБАЛ…. за последниве нема што да се коментира, веќе сите сме ја виделе сликата што кружеше на Фејсбук.
Ги сакам сите спортови и ги поддржувам сите подвизи кои ги прави државата… Но, се чувствувам дискриминирано, за нас не важат спортсите правила, ние сме казнети…

Само да упатам еден апел до властите кои се одговорни за ова прашање, нека седнат и нека видат што реално се случва, ова што го прават е смешно. Ја претставуваме државата, го носиме името на нашите тренерки, редовно се расправаме со грците кои упорно креваат нервоза на таа тема, а од државата не сме ги добиле ни тренерките кои ги носиме, срамота. Од нас чекаат да направиме резултат па после да вложат некои минимални средства, е па тоа е невозможно, па дури и кога се прави бизнис, прво треба да вложиш за да добиеш, а камо ли во спорт.
Ќе се промени ли некогаш оваа ситуација, супер е што градите спортски сали, 35 нови, а нема ниту едно стрелиште кое исполнува основни услови за тренинг. Да не зборувам за опрема и слично… Од друга страна секогаш има срелец кој има олимписка норма и патува на Олимпијада каде знае дека шанисте му скоро нула, да стигне до некое повиско место. А потоа следи разочарување и осуда од македонската публика.
Кој и да оди за Лондон оваа година, се надевам дека ќе добие целосен третман од страна на државата.
Ќе го на поменам уште ова, интерес за овојп спорт секогаш постоел, доаѓаат нови и нови луѓе кои сакаат да се занимаваат со стрелаштво, но кога ќе ја видат сиуацијата, малку од нив остануваат и понатаму. Нема оружје, нема муниција итн. Интересот е голем, спортот може да заживее и да не носи високо во светот!

Со задоволство ве известувам дека пуштена е официјалната Веб страна на Македонската спортска стрелачка федерација, www.mssf.org.mk, каде ќе можете да ги следите сите случувања, информации и резултати. Во моментов е активно гласањето за официјален дрес на македонската стрелачка репрезентација, па може да го дадете свотот глас.
И уште ова, во наредниот период блогов ќе биде во мирување, за сите информации посетете ја www.mssf.org.mk и секако прашања и предлози може да напишете на групата на Facebook .
На 12 Ноември, на воздушното стрелиште Партизан во Скопје се одржа турнирот по повод 13 Ноември, и беа доделени медали за најуспешните. Еве ги резултатите


